Мбапе без трофеј од Лигата на шампионите си заминува од ПСЖ!

by riste
1 минути читање

Килијан Мбапе не успеа во својата последна сезона во ПСЖ да го освои толку посакуваниот трофеј од Лигата на шампионите, овојпат беа запрени од Борусија Дортмунд.

Мбапе од сезоната 2017-2018 пристигна во ПСЖ, имаше седум обиди за освојување на Лигата на шампионите, шеиците фрлија многу пари, но најпосакуваниот трофеј не беше освоен.

На Мбапе најтешко му паѓа овој пораз, но ќе мора да се помири дека од ПСЖ си заминува беше освоена Лига на шампиони.

Откако вечерва стана јасно дека ПСЖ и Реал Мадрид нема да имаат дуел оваа сезона, се очекува наскоро и официјално да биде објавено дека Мбапе ќе биде ново засилување за кралскиот клуб.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани