185
Екипата на Фулам испрати понуда за услугите на Скот МекТоминеј од Манчестер Јунајтед, но истата беше одбиена.
Шкотскиот фудбалер за врска е многу оспоруван на „Олд Трафорд“, па нема да биде големо изненадување ако замине од клубот. Фулам ја испрати првата понуда во висина од 20 милиони фунти или 24 милиони евра, но Јунајтед тоа го одби.
„Црвените ѓаволи“ немаат ништо против продажба на МекТоминеј, меѓутоа сакаат да заработат нешто повеќе од 35 милиони евра за овој трансфер.
Скот МекТоминеј целата своја кариера игра за Манчестер Јунајтед. Ос 2017 година е член на првиот тим, но можно е да замине од „Олд Трафорд“.