135
Шефот на судиската организација во Премиер лигата Хауард Веб призна дека исклучувањето што го добил Бруно Фернандеш со Тотнем е грешка.
Португалскиот фудбалер доби директен црвен картон по стартот над Медисон, но подоцна неговиот картон беше поништен и тој можеше да игра во следното коло.
Дека била направена грешка призна и првиот човек на судиите.
„Тоа беше грешка. Од видео-записот слушнавме како асистентот вели дека е фаул за црвен картон и судијата го прифаќа тоа. Контактот е висок, но Фернандес прво се подлизгува и не ја забива копачката во ногата на противничкиот фудбалер. Главниот судија требаше да ја прегледа снимката пред да го донесе конечното решение“, призна Веб.