219
Манчестер јунајтед со 3-2 го победи Бетис, а овој меч му создаде и дополнителна главоболка на Тен Хаг откако Маркус Рашфорд се повреди во текот на второто полувреме.
Повредата на Рашфорд доаѓа веднаш по повредите на Јоро и Хојлунд кои ќе го пропуштат стартот на новата сезона.
Што се однесува до мечот, Бетис поведе во 15. минута со гол на Лосада, но три минути подоцна Рашфорд изедначи со погодок од пенал.
Во 24. минута Диало постигна убав гол за водство на Јунајтед од 2-1, а во 31. реализираше Касемиро по асистенција на Рашфорд за 3-1.
Последниот гол на мечот беше дело на Диего Љоренте во 61. минута за конечни 3-1.