Леверкузен испиша историја, 49 натпревари без пораз!

by riste
1 минути читање

Баер Леверкузен го помина рекордот на Бенфика и врза 49 натпревари без пораз со што стана европски тим со најдолга низа без загубен меч.

На минатиот официјален натпревар Леверкузен се изедначи со Бенфика, а денеска со ремито од 2-2 против Рома стана тимот со најдолга низа без пораз во историјата.

Голот за изедначување против Рома, Леверкузен го постигна во 97. минута од натпреварот. Тоа беше уште една неверојатна завршница на нивен натпревар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани