Италијанското дерби помеѓу Рома и Јувентус без победник (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Во рамките од 35. коло во Серија А вечерва се играше италијанското дерби помеѓу Рома и Јувентус кое на крајот заврши без победник (1:1).

Иако имаше прилики и на двете страни сепак видовме само по еден гол. Двата гола беа постигнати во првиот половина час од средбата.

Лукаку го отвори резултатот во 15. минута, додека дефанзивецот Бремер во 31. донесе изедначување.

До крајот резултатот не се промени, па двете екипи ги поделија бодовите. На табелата Јувентус има 66 бода на третата позиција, додека Рома е петта со 60 на три кола пред крајот на сезоната.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани