148
Фенербахче и Рајан Кент изненадувачки го раскинаа договорот во доста неочекуван момент од сезоната.
По два месеци од стартот на кампањата 27-годишникот доби слобода да бира нова средина. Кент е член на Фенербахче од 2023 година, имаше четиригодишен договор, ама сега доста порано заминува од турскиот гигант.
Минатата сезона Рајан Кент одигра 18 натпревари во сите натпреварувања. Во оваа пак, под водство на Жозе Мурињо забележа само еден настап во квалификациите за Лигата на шампионите.
Кент летово имаше понуди од неколку клубови, најзаинтересиран беше Лацио, а се споменуваа и клубови од Англија и Саудиска Арабија.