175
Mедиумот од Островот кој важи за близок до „црвените“ , „Ливерпул Ехо“ објави дека Мохамед Салах ја игра последната сезона на „Енфилд“.
Според информациите на новинарот Лен Дојл, Салах ќе си замине како слободен играч по истекот на договорот на крајот од сезоната.
Доколку се остварат наајвите, Салах ќе го напушти Ливерпул како вистинска клупска легенда по осум години. Во клубот пристигна во јули 2017 година за сума од 42 милиони евра од Рома.
Во дресот на Ливерпул успеа да сруши бројни рекорди, а вкупно досега одигра 350 натпревари, постигна 212 голови и запиша 90 асистенции.