111
Фудбалерите на Ливерпул во среда го играат првиот натпревар од Лигата на шампионите пред своите навивачи, а за овој ќе имаат промени во стартните 11.
Како што е денес потврдено, Диого Жота не тренира со екипата откако доживеа полесна повреда на стапалото во дуелот против Вулверхемптон.
Тој нема да игра во Лигата на шампионите против Болоња, но добра вест за тимот на Арне Слот е што се враќа Дарвин Нуњез кој го пропушти натпреварот од Премиер лигата поради вирус.
Се очекува токму Уругваецот да настапи на местото на Португалецот во нападот. Натпреварот помеѓу Ливерпул и Болоња на програмата е во среда од 21:00 часот.