135
Даглас Луиз и Алиша Леман се веројатно најпознатиот фудбалски пар, а изминатата вечер по натпреварот на Луиз за Јувентус се соочиле со голема непријатност.
Имено, крадци го искористиле моментот кога домот на славниот пар бил празен и успеале да украдат 11 часовници во вредност од над 500.000 евра, како и уште неколку вредни предмети.
Луиз вчера играше натпревар за Јувентус против Лацио, додека Леман е во карантин пред натпреварот на фудбалерките на „старата дама“ со Интер.
Според информациите алармот се активирал околу 1:30 часот по полноќ, а тогаш ниту Луиз не бил во неговиот дом. Полицијата е во потрага на сторителите кои засега се во бегство.