126
Манчестер Јунајтед доби добри вести од Фудбалскиот сојуз на Англија, а поврзани со Бруно Фернандеш.
Во натпреварот против Тотнем кој „црвените ѓаволи“ го загубија со убедливи 0-3, Португалецот веројатно престрого доби црвен картон. Тој протестираше, но ситуацијата не се промени и заврши во соблекувалната.
Сепак, Фернандеш нема да ја отслужи казната пропишана за директен црвен картон. Јунајтед се пожали и ФА им ја уважи жалбата, па суспензијата на Фернандеш е укината.
Капитенот ќе биде подготвен и ќе може да настапи за Јунајтед уште следниот викенд.