200
Пауло Дибала останува во Рома, ова е негова конечна одлука, тој ја одбил богатата понуда од Саудиска Арабија, и на социјалните мрежи испрати порака до фановите.
Дибала имаше понуда од 75 милиони евра на маса од саудискиот клуб Ал-Кадсиах. Ноќеска имаше информација дека тој ја прифатил понудата и останува уште само клубовите да се договорат за трансферот да се реализира.
Но, се случи пресврт, љубовта победи, Дибала ги одби парите на шеиците и реши да остане во Рома.
Преку социјалните мрежи објави видео и им кажа на фановите дека ќе ги види во недела.