190
Манчестер јунајтед со 2-1 го загуби премиерлигашкото дерби од Арсенал кое се играше во САД, но загуби и двајца фудбалери поради повреда кои во текот на првиот дел го напуштија мечот.
Хојлунд и новото засилување Јоро беа фудбалерите кои во текот на првиот дел излегоа од игра поради повреди.
Шест минути пред да се повреди, Хојлунд му донесе водство на Манчестер јунајтед, тој го постигна единствениот гол на мечот за нив.
Габриел Жесус изедначи во 26. минута, а победата за Арсенал ја донесе Мартинели на десет минути пред крајот од мечот.