239
Јасин Бенарху и Леон Дајаку нема повеќе да го облечат дресот на Хајдук, па дури не можат ни да тренираат со првиот тим.
Двајцата се веќе отпишани од Џенаро Гатузо и до крајот на преодниот рок сигурно ќе го напуштат клубот, неизвесно е само дали со раскин на договорот или со трансфери.
Наводно, Бенраху и Дајаку минатата сезона покажале недисциплина и покрај тоа што беа омилени кај навивачите на Хајдук. Еднаш дури биле уловени на забава на островот Хвар и покрај тоа што биле повредени и тоа ги изнервирало сите во и околу клубот.
Гатузо дознал за тоа од своите соработници и одлучил дека такво фудбалери не му требаат во екипата, па ги оддалечил оттаму.