185
Даглас Луиз пристигна во Јувентус од редовите на Астон Вила како големо засилување за сума од 51.5 милиони евра, но на почетокот од неговата епизода во Торино не му оди.
Во Астон Вила одигра солидна сезона во која на 35 натпревари постигна девет гола и подели пет асистенции и се очекуваше така да продолжи. Сепак, во Јувентус е далеку од добрата форма.
Под водство на Тијаго Мота, Луиз досега има осум настапи, но ниту еднаш не беше стартер. Во Серија А собра 222 минути, а во последните два натпревари и направи пенал.
Исто така имаше грешка која Јувентус можеше скапо да ја плати и против Лајпциг во Лигата на шампионите.