173
Eкипата на Македонија Ѓорче Петров со триумф од 2:0 ја стартуваше сезоната во Втората лига.
„Лавовите“беа најактивни од второлигашите во летниот преоден рок, па така се и главни фаворити за место во ПМФЛ следната сезона. Во таков стил и ја започнаа сезоната против Охрид.
Не постигнаа гол во првото полувреме, но во вториот дел со два погодоци во 54. и 57 минута го обезбедија триумфот. Стрелаа Велкоски од пенал и Христов
Победа забележа и Брегалница против прилепска Победа со 2:1. Во останатите натпревари Арсими ја совлада Беласица со 4:2, додека Вардар Неготино со 1:2 беше подобар од Осогово. Средбите Скопје – Вардарски и Кожуф – Каменица Саса завршиај без победник со ист резултат 2:2.