115
Францускиот дефанзивец, Рафаел Варан пред неколку недели изненади со одлуката да стави крај на кариерата.
Варан од фудбалот се повлече како играч на Комо, а сега во италијанскиот клуб започнува нова кариера.
Имено, Комо потврди дека Варан ќе биде дел од управата на клубот.
„Комо е среќен што може да објави дека Рафаел Варан е член на управниот одбор. Варан ќе има за цел да помогне на младите спортисти да се подготват за животот надвор од фудбалот“, стои во соопштението.