175
Капитенот на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш открива дека имал понуди од други клубови и имал шанса да го напушти Олд Трафорд.
Тој вчера потпиша нов договор со Манчестер јунајтед според кој ќе остане таму до 2027 година.
„Клубот беше свесен дека имав можности да заминам. Имав конкретни понуди. Но, клубот покажа дека сум потребен, дека е време за промени и дека сака да ги прави работите поинаку“, рече Бруно Фернандеш.