123
Капитенот на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш имаше интересен пост на инстаграм по повод вчерашниот меч против Фулам.
Манчестер јунајтед победи со 1-0, но Бруно Фернандеш немаше ниту асистенција, ниту даде гол од неколкуте шанси кои ги имаше. Па, денеска им се извини на оние кои го одбрале во својот тим на играта „Фантази премиерлига“.
„Ништо не е подобро од чувството да си назад на Олд Трафорд“, напиша Фернандеш и додаде:
„Фантази лига менаџери кои ми верувавте, извинете за вчера… ќе ви се оддолжам“.