211
Eкипата на Борусија Дортмунд денеска го комплетираше трансферот на Максимилијан Бајер од редовите на Хофенхајм со што стана јасно дека „милионерите“ ќе имаат комплетно нова офанзивна линија.
Претходно клубот го напуштија Фулкруг, Ројс и Санчо, а пристигна Жираси од Штутгарт денеска на вториот стрелец во Бундеслигата од минатата сезона му се придружи и Бајер.
Се поврзуваше Бајер и со неколку англиски клубови, но на крајот челниците на Борусија беа наконкретни и успеаа да го убедат да им се придружи. Хофенхајм како оштета доби сума од 29 милиони евра, додека уште три би можеле да бидат исплатени преку бонуси.