157
Доминик Соланке летово го напушти Бормут и се пресели во Тотнем за сума од 65 милиони евра, а сега пристигна и неговата замена.
Во Бормут Соланке ќе го менува Бразилецот Еванилсон кој го напушти Порто во трансфер вреден 40.2 милиони фунти.
Последните четири сезони Еванилсон ги мина во Португалија каде што постигна 60 гола на 154 натпревари.
„Станува збор за фудбалер кого го следеа и бараа бројни клубови. Фактот што ние успеавме да го доведеме за рекордна сума за нашиот клуб јасно ги покажува нашите амбиции“, изјави директорот на клубот, Нил Блејк.