158
Тимот на ЖФК Љуботен го доведе најголемото засилување во историјата на женскиот фудбал во Македонија и се засили со Колумбијката Ингрид Видал која пристигнува на позајмица од Америка Де Кали која е една од најдобрите три екипи во Колумбија.
Зад себе Видал има 54 репрезентативни натпревари и 11 голови, а со својата селекција играше на Светско првенство, Олимписки игри и Панамерикански игри.
33-годишната Колумбијка ќе биде најголемото кое досега заиграло во женскиот фудбал кај нас и се очекува да биде лидер во тимот на Љуботен. Покрај настапите во домашното првенство, Љуботен го чека и настап во квалификациите за Лигата на шампионите.