Бензема се врати во Реал Мадрид, но само на рехабилитација!

by riste
1 минути читање

Ал-Итихад потврди дека Карим Бензема е во Реал Мадрид каде ќе се опоравува од повредата.

Бензема за огромни пари од Реал Мадрид се пресели во Саудиска Арабија каде никако не се прилагоди.

Францускиот напаѓач сега е надвор од стројот поради повреда, а таа ја санира во Реал Мадрид.

Во официјално соопштение Ал Итихад потврди дека Бензема е на третман во тренинг центарот во Реал Мадрид. Медицинските тимови на двата клуба се во постојан контакт и саудискиот клуб му се заблагодарува на шпанскиот гигант за помошта.

Во текот на следната недела Бензема би требало да се врати во стројот на Ал Итихад и да биде подготвен за последните пет меча од сезоната.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани