182
Барселона денеска го пречекува Атлетик Билбао во второто коло од Ла Лига, а во составот и овојпат не е новото засилување Дани Олмо.
Барселона го има Олмо уште пред да почне сезоната, но поради финансиските проблеми не успеа да го регистрира ниту за денешниот меч против Атлетик Билбао.
Се очекува набрзо Барселона да ги комплетира заминувањата на Ленгле, Фаје и Витор Роке, по што ќе може да го регистрира Олмо.