178
На мечот од најдобрата српска лига меѓу ТСЦ Бачка Топола и ОФК Београд се случи еден необичен момент.
ОФК Београд го доби мечот со 1-0, а во 90. минута гостинскиот фудбалер Никола Митуљикиќ даде гол кој требаше да биде потврда на победата.
Митуљикиќ од голема радост го соблече дресот и го фрли. Но, неговиот погодок беше поништен поради офсајд.
Фудбалерот на ОФК Београд остана без гол, но судиите му покажаа жолт картон поради соблекувањето на дресот, тоа за него беше втор жолт, автоматски црвен, па мораше да го напушти натпреварот.
Во целата бизарна ситуација барем неговиот тим победи, па немаше некоја штета од резултатски аспект.