89
Eкипата на Атлетико Мадрид на домашен терен славеше победа против Леганс со 3:1 и така остана на третото место во шпанската Примера.
Се намачија избраниците на Симеоне, но успеаа да го скршат отпорот на ривалот. Леганес прв дојде до водство, меѓутоа тоа беше се што направи во овој натпревар.
Стрелец за гостинскиот тим беше Неју во 34. минута. Пресвртот за Атлетико го режираа Алеандер Сорлот кој постигна два гола, додека еднаш стрелаше Гризман. Сите три гола „јорганџиите“ ги постигнаа во вториот дел.
Иако Барселона и Реал Мадрид се пред Атлетико, „јорганџиите“ и по 10 кола не знаат за пораз, но имаат пет нерешени средби.