114
Селекторот на репрезентацијата на Англија, Ли Карсли денеска потврди дека Букајо Сака не е потешко повреден.
Еден од најважните фудбалери во редовите на Арсенал мораше да го напушти теренот во поразот од Грција, но по деталните прегледи утврдено е дека повредата не е од потежок карактер.
„Букајо беше блиску да се опорави за натпреварот со Финска, но немаше да биде фер ако ризикуваме со него. Тој е позитивна личност и очекувам да биде се во ред“, изјави привремениот селектор на Англија.
Воедно ова е добра вест за Арсенал, посебно ако се знае дека тимот го чекаат тешки натпревари во наредниот период.