165
Aрсенал во новата сезона сака да создаде тим кој ќе биде конкурентен на Манчестер Сити за титулата во Премиер лигата до самиот крај и според последните информации тимот на Артета е блиску до засилување од Шпанија.
Италијанскиот експерт за трансфери, Фабрицио Романо објави дека Арсенал ги договорил личните услови со шпанскиот репрезентативец, Микел Мерино.
Трансферот би можел да изнесува 25 милиони евра, но допрва тоа треба да го договорат „топџиите“ со неговиот клуб Реал Сосиедад.
Покрај Арсенал, интерес за Мерино покажалле и Атлетико и Барселона, но лондонскиот клуб реагирал побрзо и сега е во предност.
За Реал Сосиедад, Мерино настапува од 2018 година и минатата сезона беше еден од најважните фудбалери.