126
Напаѓачот од редовите на Престон Милутин Осмајиќ доби казна од дури осум натпревари суспензија за потегот со кој потсети на Луис Суарез.
Осмајиќ за време на натпреварот од Чемпионшиш го гризна противничкиот напаѓач Овен Бек, а покрај суспензијата од осум натпревари за овој инцидент ќе мора да плати и парична казна од 15.000 фунти.
Инцидентот се случи на 22 септември кога Бек по еден досуден пенал го собори фудбалерот кој сакаше да го изведе ударот од белата точка.