Автобусот на ПСЖ си заминал од „Сигнал Идуна Парк“ без Килијан Мбапе

by bojan
1 минути читање
Мбапе

Медиумите од Франција пренесуваат дека експедицијата на ПСЖ си заминала од „Сигнал Идуна Парк“ без Килијан Мбапе, напаѓачот морал да остане на стадионот поради допинг контрола.

Борусија Дортмунд синоќа со 1-0 ја доби првата пресметка против ПСЖ во полуфиналето во Лигата на шампиони.

Гостите имаа неколку шанси, најблиску до гол беа на стартот од второто полувреме, кога во период од неколку секунди, два пати ја затресоа рамката на голот, прво Мбапе пласираше и ја погоди левата статива, а потоа Хакими биеше по земја во десната.

Токму Килијан Мбапе бил инволвиран и во интересна ситуација по последниот свиреж, автобусот на ПСЖ си заминал од „Сигнал Идуна Парк“ без напаѓачот.

Како што пренеусва Ле Паризиен, првата ѕвезда на „светците“ морала да остане поради допинг тест, и потоа со приватен автомобил да им се придружи на своите соиграчи на аеродромот.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани