Фудбалерите на Аталанта и Баер Леверкузен ќе се судрат во финалето на Лигата на Европа во Даблин. Во пресрет на натпреварот, еден момент од официјалната прес-конференција насмеа многумина.
Имено, еден новинар забележа дека тренерот Чаби Алонсо и фудбалерот Гранит Џака се ладни и смирени пред финалето, па ги праша како можат да изгледаат како да не се под притисок.
„Секое утро пиеме крв. Поради тоа не ни чувствуваме веќе нервоза“, се пошегува фудбалерот за врска на Баер.
Овој меч за Леверкузен е доста важен, бидејќи може да го продолжи митот за непобедливоста оваа сезона. Избраниците на Алонсо се на два натпревари до перфектна сезона, овој со Аталанта и финалето на германскиот Куп со Кајсерслаутерн.