227
Германската фудбалска легенда Тони Крос ги игра последните натпревари во кариерата. Европското првенство на кое неговата репрезентација е домаќин ќе биде последно за него пред заминувањето во пензија.
И покрај тоа што се повлекува, ветеранот одигра одлична групна фаза. Крос по групите на континенталниот собир беше најдобар додавач.
34-годишникот на трите натпревари имаше дури 326 прецизни додавања, со што е убедливо пред конкуренцијат.а
Далеку зад него следат двајца Италијанци, најблизу со „само“ 221 додавање е Николо Барела, додека по него следи Жоржињо.