43
Хрватскиот стратег Иван Јуриќ минува низ тежок период, бидејќи по доаѓањето во Рома бележи катастрофални резултати.
Се најавуваше дека Јуриќ веднаш ќе добие отказ по дебаклот со Фиорентина од 5-1. Сепак, Хрватот го преживеа и тоа добивајќи нова шанса од управата.
Според пишувањето на италијанските медиуми Јуриќ добил ултиматум од страна на управата. Следните два натпревари се клучни ако тој сака да ја задржи својата позиција во Рома.
„Волчицата“ ја очекува дуел вечерва против Торино, додека в недела гостува во Верона. Ако има добри резултати на двата меча Иван Јуриќ ќе си „купи време“ на клупата, во спротивно ќе добие експресен отказ.