Ѓулер откри како им се обраќа на Модриќ и Крос

by riste
1 минути читање

Арда Ѓулер вели дека не може да ги вика само по име Лука Модриќ и Тони Крос бидејќи двајцата се значително постари од него и има голема почит кон нив.

Арда Ѓулер треба да биде наследникот на Модриќ и Крос во Реал Мадрид, се прогнозира дека турскиот фудбалер ќе има важна улога во иднина во кралскиот тим.

„Не можам да го речам само Лука, не можам да го кажам Тони, тие се постари“, вели Ѓулер.

„Тоа го научив од мојата фамилија. Се чувствувам како да не ги почитувам ако ги кажам така. Ги викам Тони брате и Модриќ брате. Затоа тие почнаа мене да ме викаат брате“.

„Овие фудбалери ги гледав на јутјуб, а сега разменувам додавања со нив на тренинзите“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани