Шкотски „Сан“: Данди го пронајде „новиот Миовски“ во ПМФЛ!

by 24 фудбал
1 минути читање

Фантастичната форма на Бојан Миовски во Абердин ја отвори вратата на македонските фудбалери во шкотската Премиер лига.

Шкотскиот таблоид „Сан“ пишува дека поранешниот тренер на Миовски во Абердин, Џим Гудвин, сега во својот нов клуб Данди Јунајтед посакува македонски напаѓач. Станува збор за Кристијан Трапановски од редовите на Шкупи. 24-годишникот сезонава беше еден од носителите на играта на чаирчани и придонесе со шест гола, а сега Данди се залета за неговиот потпис.

Како што напишаа Шкотланѓаните, Гудвин во Македонија го бара „новиот Бојан Миовски“, бидејќи има добри искуства со фудбалери од балканските простори.

Инаку, Трапановски потекнува од школата на Академија Пандев – сега Брера. Данди не би бил негов прв интернационален предизвик, бидејќи веќе беше дел од Славија Прага – Б, Татран Прешов, Викторија Зизков и Подбрезова. Во 2020 година тој се врати во Брера, а по една полусезона беше откупен од страна на Шкупи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани