308
Екипата на Шкендија денеска го потврди планот за летните подготовки во кои ќе одигра пет пријателски натпревари.
За квалификациите Шкендија ќе се подготвува против пет екипи кои исто така ги чекаат европски квалификациите. Првиот натпревар тетовскиот клуб ќе го игра против Тиквеш на 15. Јуни, а потоа следат четири натпревари тимови од Албанија и Косово.
РАСПОРЕД НА ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ НА ШКЕНДИЈА
15.06 – Тиквеш (Тетово, 17:30)
21.06 – Тирана (Струга, 17:00)
25.06 – Лапи (Охрид, 16:30)
29.06 – Дрита (Тетово, 17:30)
03.07 – Партизани (Поградец, 17:00)