Челси може да бира меѓу тренери-шампиони, но Тод Боли има друг план!

by riste
1 минути читање

Челси денеска соопшти дека се разделува со Маурисио Покетино, сините сега се во потрага по нов тренер.

Иако на пазарот имаат докажани тренери како Антонио Конте, Жозе Мурињо и Масимо Алегри, раководството на Челси има поинаква идеја.

Лондонскиот клуб сака млад, модерен тренер, па се шпекулира со имиња како Томас Франк од Брентфор, Киеран Мекена од Ипсвич кој има само 38 години, Зеб Хенес од Штутгарт, но тој веројатно ќе продолжи во германскиот клуб.

Опција може да биде и Роберто Де Зерби, поготово ако се знае дека Челси во изминатиот период се изнакупува и фудбалери и тренери од Брајтон.

Секое од овие споменати имиња би било ризик, бидејќи никој од нив не водел голем клуб со ѕвезди во него, нешто што е многу поразлично од просечен тим кој е на средина на табелата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани