Челси го одреди наследникот на Покетино, носи тренер без прволигашко искуство!

by bojan
1 минути читање
Енцо

Голем број на извори од „островото“ објавија дека Челси решил да го ангажира Енцо Мареска за нов тренер, се очекува во брзо време да падне договор.

Челси го одреди наследникот на Маурисио Покетино, „сините“ решија да ангажираат тренер без прволигашко искуство.

Голем број на извори од „островото“ попладнево објавија дека Енцо Мареска ќе седне на жешкото столче на „Стемфорд Бриџ“.

Се очекува во скоро време да падне договор помеѓу Челси и италијанскиот стратег за двегодишна соработка, со опција за додатни 12 месеци.

„Сините“ потоа ќе треба да пронајдат заеднички јазик со Лестер за висината на копмензацијата, се споменува сума од 9-10 милиони евра.

Енцо Мареска во својата кратка тренерска кариера има искуство само во втора лига, на клупата на Парма и Лестер, во прва лига има искуство само како асистент на Пеп Гвардиола.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани