Чави: Роке не ни требаше да дојде оваа сезона во Барселона!

by riste
1 минути читање

Чави вели дека не разбира зошто е толку актуелен случајот со Витор Роке, смета дека фудбалерот е млад и неговото време допрва доаѓа.

Агентот во име на Роке се пожали на третманот кој го има младиот фудбалер и на малата минутажа која ја добива од Чави. Дури се закани и со заминување.

Деновиве постојано се пишува за Роке, а сега нов одговор даде и Чави.

„Првичниот план беше Витор Роке да дојде до јули, не во јануари, но поради повредите го променивме планот“, вели Чави.

„Витор треба да се развива, ние имаме многу големи фудбалери“.

„Не го разбирам „случајот Роке“, тој е млад фудбалер, учи и треба да се развива“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани