Црвена звезда тргна по најдобриот стрелец во холандската лига!

by riste
1 минути читање

Раководството на Црвена звезда планира ова лето да направи сериозни инвестиции за да го засили тимот, а мета е и најдобриот стрелец во холандското првенство, Вангелис Павлидис.

Грчкиот фудбалер кој настапува за АЗ Алкмар, во најдобрата холандска лига оваа сезона даде 29 голови и заврши како прв стрелец. Во сите натпреварувања тој постигна 33 погодоци на 46 мечеви.

Според „Трансфермаркт“, вредноста на Павлидис е 20 милиони евра, но Црвена звезда се надева дека ќе може да го купи за помалку со оглед на тоа што нема долгорочен договор.

Проблем за Звезда може да бидат барањата за плата на Гркот кои се големи. Двете страни веќе стапиле во контакт, но трансферот уште не е блиску до реализација.

Црвена звезда ќе има сериозна конкуренција од клубови од Италија, Португалија и Англија кои се поврзуваат со Павлидис.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани