Хајдук Сплит пред неколку денови се раздели со Никола Калиниќ кој беше спортски директор во клубот. Челниците сметаа дека поранешниот напаѓач е одговорен за лошиот преоден рок и тој си доби отказно решение.
Сега Хајдук се пофали со новиот спортски директор, а на таа позиција доаѓа Франсоа Витали од Франција. Се работи за доста искусен оперативец кој преку две децении работи на разни позиции во фудбалот.
Витали своевремено беше дел од Лил, а имаше искуства и во Белгија. Витали директно е „виновен“ за пронаоѓањето на талентираниот Еден Азар. Тогаш младото момче беше дел од Тубизе, а во 2005 година по добриот скаутинг од Витали тој пристигна во Лил. Седум години тој беше продаден на Челси, каде што блесна и ги имаше најдобрите денови во кариерата, а падот му започна со трансферот во Реал.
Што се однесува до Витали, кулминацијата на неговата кариера во Лил беше кога во 2015 година беше поставен за спортски директор. Таа функција потоа ја изврвшуваше и во Серкл Бриж, а последно работеше во француска Троа.