156
Баерн Минхен го прегази Динамо Загреб со 9-2 во првото коло од Лигата на шампионите, а Хари Кејн направи нешто што никој претходно не го направил.
Кејн е првиот играч кој постигнал хет-трик пенали во меч од Лигата на шампионите.
Тој на мечот даде вкупно четири гола, а три од нив беа од пенал.
Кејн е и прв Англичанец кој постигнал четири голови на еден натпревар во ЛШ по Алан Смит за Арсенал во 1991 година.