53
Шпанскиот фудбалер, Брајан Сарагоса му одговори на Томас Тухел кој не го играше во Баерн Минхен.
Сарагоса во Баерн Минхен пристигна на почетокот од 2024 година, во јануари, требаше да биде замена за повредениот Кингсли Коман, но не се изнаигра во германскиот тим. Томас Тухел не сметаше на него.
Шпанскиот фудбалер сега настапува во Осасуна како позајмен фудбалер од Баерн Минхен.
Се пишуваше дека причината што Тухел го изоставал Сарагоса од составот е тоа што фудбалерот не знаел германски, а ниту англиски јазик, па имал проблем со комуникацијата.
„Фудбалот се игра со нозе, а не со јазик. Барем јас така мислам“, рече Сарагоса запрашан за периодот под водство на Тухел.