Фудбалерот кој пред осум години ги изненади сите со трансфер во Кина, со големи емоции стави крај на кариерата (ВИДЕО)

by riste
2 минути читање

Бразилскиот фудбалер Оскар кој ќе остане запаметен како фудбалер кој го направил еден од најизненадувачките трансфери во историјата на фудбалот стави крај на кариерата.

Оскар на само 25 години го изненади фудбалскиот свет со трансферот во Кина, а кариерата ја завршува на 33 години.

Бразилецот играше одлично во редовите на Челси и беше еден од најдобрите фудбалери на овој тим, но во 2017 година шокираше со трансферот во редовите на кинескиот Шангај Порт каде што доби богат договор.

Во овој клуб постави и рекорд на лигата со 77 голови и 113 асистенции на 248 натпревари. Од неговиот престој во Кина заработи околу 60 милиони евра како плати, но и уште 40 преку бонуси.

Тој со многу емоции се збогува со навивачите на кинескиот клуб каде остана цели осум години.

Од клупските трофеи трипати беше шампион на Кина, а освои и еден куп. Се до денес е најплатаниот фудбалер кој играл во Кина. Покрај Челси и Шангај, Оскар го носеше дресот уште на Сао Паоло Интернационал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани