65
Eкипата на ЖФК Љуботен славеше победа со 2-0 против Кардиф во натпреварот на поразените во квалификациите за Лигата на шампионите.
Во натпреварот во Еншеде, македонскиот претставник до победата дојде со по еден гол во првото и второто полувреме. Новото засилување Хава Мустафа ги постигна двата гола за тетовскиот клуб.
До првиот Љуботен стигна во 38. минута, додека по вторпат мрежата Мустафа ја затресе во самата завршница во 93. минута.
Оваа победа е од посебно значење затоа што е прва за женски македонски тим во Лигата на шампионите по 12 години. Во претходниот натпревар на турнирот фудбалерките на македонскиот претставник беа убедливо поразени од исландски Валур со 10-0.