83
Многу тензија донесе вчерашниот натпревар помеѓу Реал Мадрид и Атлетико Мадрид во шпанската Ла Лига.
Натпреварот беше и во прекина 15 минути поради нереди кои ги предизвикаа навивачите зад голот на Тибо Куртоа. Атлетико на крајот дојде до бод со голот на Анхел Кореа во последните моменти од средбата.
По последниот судиски свиреж фудбалерите ги поздравија токму фановитек ои беа зад голот, оние кои ги предизвикаа нередите. Тоа не беше дочекано со одобрување од остатокот од стадионот, па беа испратени силни свирежи.