Французите очајно сакаат Мбапе да игра на ОИ, а Макрон доби „НЕ“ од Перез

by 24 фудбал
1 минути читање

Франција мака мачи да успее да добие потврда од Реал Мадрид за Килиан Мбапе и неговиот потенцијален настап на Олимписките игри.

Од исклучителна важност за Французите е првата ѕвезда да заигра за олимпискиот тим, бидејќи тоа ќе привлече големо внимание на фудбалскиот турнир. Сепак, ставот на мадриѓани е јасен – ниту еден нивен фудбалер нема да игра на Летните Олимписки игри.

Во помош на фудбалскиот колектив се стави и претседателот на Франција, Емануел Макрон. Тој имаше состанок со првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез, во Париз, а според пишувањата на тамошните медиуми имал барање до него. Макрон го замолил Перез да го пушти Мбапе да заигра на Олимписките игри, но промена во расположението на сопственикот на Реал нема.

Инаку, јавна тајна е дека Килиан Мбапе се сели во Мадрид, а се очекува само официјална потврда на потписот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани