Франција го објави списокот за ЕП: Се враќа Н’Голо Канте, има и еден дебитант

by Стефан
1 минути читање

Откако денеска тоа го направи селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман вечерва списокот на фудбалери за претстојното Европско првенство ова лето го објави и францускиот селектор Дидие Дешам.

За ова Европско првенство УЕФА дозволи селекторите да повикаат 26 место досегашните 24 фудбалери, но Дешам се одлучи да повика 25. Најголемо изненадување можеби е враќањето на Н’Голо Канте кој во составот на Франција последен пат беше повикан во 2022 година.

Единствениот дебитнат е Бредли Баркола. Франција на Европското првенство ќе игра во група со Холандија, Австрија и

Полска и важи за еден од фаворитите за освојување на турнирот.

ГОЛМАНИ: Алфонс Ареола (Вест Хем), Мајк Маињан (Милан), Брис Самба (Ленс)

ОДБРАНА: Џонатан Клаус (Марсеј), Тео Ернандез (Милан), Ибрахим Конате (Ливерпул), Жил Кунде (Барселона), Ферланд Менди (Реал Мадрид), Бенџамин Павар (Интер), Вилијам Салиба (Арсенал), Дајот Упамекано ( Баерн Минхен)

СРЕДЕН РЕД: Едуардо Камавинга (Реал Мадрид), Јусуф Фофана (Монако), Антоан Гризман (Атлетико Мадрид), Н’Голо Канте (Ал-Наср), Адриен Рабиот (Јувентус), Аурелиен Чуамени (Реал Мадрид), Ворен Заир-Емери ( ПСЖ)

НАПАД: Бредли Баркола (ПСЖ), Кингсли Коман (Баерн Минхен), Усман Дембеле (ПСЖ), Оливие Жиру (Милан), Рандал Коло Муани (ПСЖ), Килијан Мбапе (ПСЖ), Маркус Турам (Интер)

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани