Флик седна на клупата на Барселона и во случајот со Олмо се случи – пресврт!

by Стефан
1 минути читање

Дани Олмо се најавуваше како приоритет за Барселоан и се очекуваше во летниот преоден рок каталонскиот гигант да тргне по играчот кој растеше во нивната школа. Но, со заминувањето на Чави и доаѓањето на Ханси Флик, Олмо престана да се поврзува со Барселона.

Како што пишуваат шпанските медиуми Олмо едноставно „исчезнал“ од списокот на играчи кои Барселона сака да ги доведе.

„Никој од клубот не го контактирал, ниту Олмо, ниту неговите претставници, никој не се јавил ниту на Лајпциг со кој има договор до 2027 година“.

Засега не е јасно и да има понуда дали Олмо сака да замине и таа одлука би требало да ја донесе по завршувањето на Европското првенство. Покрај Барселона околу неговото име се споменуваа Баерн, Манчестер Јунајтед и Ливерпул, а цената според „Трансфермаркт“ му изнесува 50 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани