129
Шпанскиот фудбалер и играч за врска, Гави по пауза од десет месеци поради тешката повреда за првпат одработи тренинг со соиграчите, објави денеска каталонскиот клуб.
Минатиот ноември, Гави во дресот на шпанската репрезентација во квалификациите за Европското првенство ги скина предните вкрстени лигаменти на десната нога.
Поради повредата младиот фудбалер го пропушти Европското првенство во Германија на кое Шпанија дојде до титулата.
Клубот не прецизираше кога Гави ќе добие дозвола да се врати на терените, но најавите во медиумтие се дека тоа би можело да се случи дури во декември.